Раководството на Македонија треба да ги убеди своите граѓани, а не Бугарија, дека гради демократска држава. Држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат и во која Бугарите не се изложени на системски терор, физичко насилство и режирани судски процеси. Ова е одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на прашањето на БГНЕС за составување на наводни „црни списоци“ и насилство врз Бугари во Македонија.

– Владата на РСМ може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав, изјави Радев.

Тој вели дека преговарачката рамка содржи неразделен дел, а тоа е Протоколот, кој е потпишан од двете земји.

– Таму нема прогрес. Затоа зборувам со европските лидери и институции да има движење по тој протокол, зашто таму се учебниците, таму е говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето за етничките репресии кон Бугарите во историјата. Таму има и други важни работи како што е зачувувањето на нашето културно наследство, рече Радев.

Претседателот додаде дека внесувањето на Бугарите во Уставот е задолжителен услов за почеток на преговорите со ЕУ.

Според него, сеењето на омразата кон Бугарите е нешто што трае со децении.