Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, денеска од бугарскиот парламент изјави дека „се насобрале неприфатливи постапки од страна на официјалните власти на РСМ“.
„Времето потврди дека ние од БСП бевме во право што не го поддржавме францускиот предлог. Ова не е доволно. Веќе денеска на Советот на претседавачи ќе иницираме општа декларација на Националното собрание. Ќе апелираме до сите парламентарни претставници да го поддржат. На овој начин ќе изразиме дека не го прифаќаме овој став (на Ковачевски) и ќе инсистираме тоа да биде заеднички став на сите партии застапени во парламентот“, порача Нинова.
Таа додаде дека ваквиот третман од страна на македонските власти „е понижувачки, навредлив и неприфатлив“.
Comments are closed for this post.