Шпанскиот тенисер Рафаел Надал годинава нема да учествува на Ролан Гарос, пренесуваат шпанските медиуми!
Според медиумите, Надал не се опоравил од повредата со која се здоби уште од Австралија Опен. Последен пат беше на теренот на 18 јануари.
Надал е рекордер на Ролан Гарос со 13 Грен слем титули во Париз.
Минатогодишниот победник на Ролан Гарос на тој начин би загубил 2000 поени, а по Отвореното првенство на Франција би паднал на 445 поени а тоа во моментов е на 136. место на АТП листата.
Comments are closed for this post.