Во Рим, Новак Ѓоковиќ го заврши своето учество веќе во четвртфиналето, бидејќи од него подобар беше Холгер Руне, кој победи со 2:1 (6:2, 4:6, 6:2).

Нешто повеќе од три и пол часа траеше дуелот во главниот град на Италија, вклучувајќи го и прекинот на крајот од вториот сет поради облачност.

Новак не беше на своето ниво. Имаше огромен број грешки, а причините за лошата игра неуспешно ги бараше во стручниот штаб!

Ѓоковиќ во неколку наврати им викаше на својот тим, а во еден момент на сите им се обрати со следниве зборови:

„Ваков коучинг, таков коучинг вака, тренер вака… . Постојано сите се во конфузија. сите!

Иванишевиќ веднаш му одговори на Новак: Кој ти е к. Играј, играј, играј, тргни се од топката…“ извикуваше хрватскиот стручњак од трибините.