Момчето од Нови Сад кое ја уби поранешната девојка работел во продавница за оружје, пишува „Блиц.рс“. В.Р имаше 34 години и бил љубоморен на поранешната девојка 27 годишната И.Ј сопственичка на салонот.
Според пријателите на новосаѓанецот, тој бил весел и насмеан млад човек, за кој не слушнале лоши зборови во околината каде што работел.
Тој работеше прва смена, околу два часот попладне и дојде да купи нешто. Верувај ми, не се сеќавам на ништо. Не забележавме никаква промена кај него, освен што не се насмевна како и обично – вели една работничка.
Нешто повеќе од два часа подоцна, В.Р со својот автомобил се упатил до салонот за убавина кој се наоѓа недалеку од таму, на соседната улица,прво пукал во стаклената врата, а потоа влегол внатре и си ја исполнил намерата.
Убиството и самоубиството го извршил со нелегално оружје, за кое се уште не се знае како го набавил.
Comments are closed for this post.