Емре К., возачот на Јован Вукотиќ, кој е осомничен дека му помогнал на кланот за првпат пред судот во Истанбул ја изнесе својата.Тој изјави дека  е не е виновен и дека Јовица му бил како брат.

–  Многу ми е жал за се што се случи, Јован ми беше како брат, а беше убиен, многу боли оваа ситуација во која се наоѓам – рече возачот и продолжи со исказот.

 Возев по средната лента. Видов две лица облечени во црно на мотор, но не сфатив дека не следат, додека наеднаш не слушнав истрел. Дури тогаш сфатив дека не напаѓаат и пукаат во нас, а потоа погледнав лево-десно. Бевме на пат, не знаев што да правам, дали да притиснам гас или кочница и наеднаш закочив. Јован се обиде да го одврзе појасот, но не успеа. Се обидов да му помогнам, му ставив јакна на раната и му повторив „ќе бидеш добро“.. Се обидов да ги спречам луѓето и да побарам помош од нив, се чувствував исплашено и беспомошно