Бројот на жртви во огромниот пожар во Калифорнија се искачи на 31 откако окружниот шериф, Кори Хони, соопшти дека биле пронајдени телата на пет луѓе во кучите и во едно возило во градот Парадајз. Притоа, шерифот додаде дека од избивањето на пожарот во четвртокот, се трга за уште 228 луѓе.
Агенциите објавуваат дека околу 250 илјади луѓе добиле наредба да се евакуираат за да избегнат директна опасност од пламените јазици.
Голем проблем во напорите на пожарникарите да се справат со огнената стихија се и сувите и топли ветрови „Санта Ана“ што дуваат во внатрешноста на државата, коишто го поттикнуваат огинот. Тој ветер е и една од причините што овој пожар стана најразорниот во историјата на Калифорнија, со повеќе од 6.700 уништени куќи.
This dad helped keep his young daughter calm by singing and talking to her as they escaped a raging California wildfire https://t.co/r4STkHaerO pic.twitter.com/7woLVpdIa2
— CNN International (@cnni) November 12, 2018
Firefighters’ video shows a chopper flying low over the #WoolseyFire in Southern California, which has killed at least two people and scorched more than 80,000 acres.
31 people have died this week as massive wildfires continue raging across the state. https://t.co/hbXbh5OsBC pic.twitter.com/4G0jODfIgD
— ABC News (@ABC) November 12, 2018
Comments are closed for this post.