Адвокатот Еленко Миланов на денешната јавна седница на Апелација истакна дека овој случај од самиот почеток се водел погрешно и оти не може ни самата пресуда да биде поинаква.
Тој посочува дека аболицијата од претседателот Ивaнов не може да биде повлечена.
За овие помилувања и самиот суд во Стразбур кажа дека треба да одлучат домашните судови за тие да можат да го испитуваат.Помилувањето не е спорно, никогаш не е оспорено ниту едно од тие 56 решенија пред Уставен суд. За тие решенија веќе постојат одлуки на нашите правосудни органи. Ова е нешто што не може да се повлече со измена на закон подоцна донесен. Тие решенија кои се на сила опстојуваат и ја продолжуваат оваа голгота на Јанакиески кој има четири години и 10 месеци домашен притвор
Comments are closed for this post.