Денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод македонски државни делегации ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, ќе положи претседателот Стево Пендаровски, како и собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, во состав: Даниела Николова, Велика Серафимова Стојковска и Мерита Колчи-Коџаџику.
Во чест на учителската дејност, визија и мисија на учителот Гоце Делчев, а по повод 120 години од неговата смрт, на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип ќе биде отворено историско катче во рамки на факултетот.
За разлика од 4-ти февруари годинава, кога на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев пристигна официјална делегација од Софија, сега такво нешто не е најавено.
Comments are closed for this post.