Иако португалскиот стручњак и актуелен тренер на Рома, Жозе Мурињо најмногу сака да зборува за својата сопруга Матилда Фариа, со која е во брак од 1989 година, во минатото имал сериозни искушенија. Особено кога станува збор за нивниот брак.

Уште додека бил непознат тренер и додека работел во клубот Леирија, Жозе Мурињо имал афера со жена по име Елса Соуза. Тој се заљубил во неа и им ја претставил на своите фудбалери како сопруга.

 

Денеска Елса Соуза е сопственичка на моден бутик и се присети на нивната романса.

– Секогаш велеше: „Јас сум Мурињо, јас сум „Специјалниот“, јас сум Бог“. Ми се допадна неговата ароганција. Тоа ми го привлече вниманието. Неговата самодоверба беше многу привлечна. Уживаше да ме храни со чоколадни колачиња. Додека водевме љубов и тој ме задоволуваше, го свиреше хитот на Брајан Адамс „Everything I Do, I Do It for You“ – се присети Елза.