Норвежанецот е вистинска машина за голови. Толку лесно ја тресе мрежата што реши да им ја открие својата магија на обожавателите.
– Јас и мојот магичен пијалок – напиша Ерлинг Халанд, заедно со комплет фотографии со шишиња млеко.
Целата магија се крие во обичното кравјо млеко, кое Норвежаните го пијат во големи количини секој ден.
Ерлинг Халанд е многу внимателен кога е во прашање исхраната. Тој ужива во лазањите што ги прави неговиот татко Алф Инге Халанд, кој порано бил фудбалер. Откри и дека сака да јаде изнутрици, особено срце и црн дроб.
Пие само филтрирана вода. И како што често нагласува, правилната исхрана е една од најважните компоненти на успехот.
Comments are closed for this post.