Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.
Тој и сопругата, Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде што се одржа централната свеченост.
На церемонијата свое обраќање имаше претседателот на Франција, Емануел Макрон, а присуствуваа над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации.
Попладне, претседателот Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на Парискиот мировен форум, што ќе се одржи на иницијатива на францускиот претседател. На отворањето на форумот ќе се обратат Емануел Макрон, Ангела Меркел и Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.
Comments are closed for this post.