Ковачевски призна дека поседува акции во приватна компанија која учествува на правниот промет. Ковачевски кој е фатен жив како прави пари додека е премиер, криви му се медиумите и искажува отворени закани затоа што неговото банковно броило постојано врти и се зголемува, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.
Вистинско потценување кон народот е објаснувањето на Ковачевски дека треба да му поверуваме дека не влијаел како премиер само затоа што му рекол на владиниот координатор за криминал Груби да го помине земјиштето на неговата сопруга на седница на влада. На оваа не веруваат ниту малите деца.
Сопругата на Димитар Ковачевски не ја вмешаа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту медиумите, туку самиот Ковачевски.
Факт е дека сопругата на Ковачевски влегува во бизнис од над 1 милион евра додека тој е премиер, а земјиште добива со потпис на Груби.
1.8 мегаватна фотоволтаична централа ќе гради фирмата СОЛ Груп 5 во сопственост на сопругата на Ковачевски додека тој е премиер. За таа цел добива и над 1000м2 државно земјиште со потпис на Артан Груби и Одлука на влада по цена од 70 денари за м2.
Ковачевски тврдеше дека излегол од бизнисот со фотоволтаици, а сега гледаме дека наместо него во тој бизнис влегува неговата сопруга.
Додека Ковачевски како премиер води држава каде половина милион луѓе живеат со 150 денари на ден, неговата сопруга влегува во бизнис од над 1 милион евра.
И сигурно повторно Ковачевски ќе оди по маркети и ќе се фали со намалување на цените на макароните. За народот макарони, а за неговата сопруга доходовен бизнис.
Фалбите на Ковачевски дека бил успешен менаџер во две големи компании завршуваат со фактот што на два пати е избркан за неспособен. Нормално тоа беше репер Заев да го направи премиер.
Ковачевски е премиер за да прави пари на грбот на народот.
Очекуваме реакција на заканите од Ковачевски врз медиумите и негова оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.