Службениците на Специјалниот полициски оддел на Црна Гора на 03.04.2023 година поднеле кривична пријава до Специјалното државно обвинителство на Црна Гора против полицајците Љубо Миловиќ (39) и Марко Новаковиќ (35) поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело создавање злосторничка организација и убиство во обид со помагање.
– Л Ј. М. и М.Н се товарат за кривично дело убиство во обид со помагање, на штета на член на спротивставена криминална организација, жртвата, сега почината, Ј.В., во два настани од 2020 година. Во врска со еден од овие два настани, со правосилна пресуда е прогласен за виновен П.М., кој е осуден на затворска казна – соопштија од Полициската управа на Црна Гора.
Tие се товарат за обид за убиство на водачот на Шкаљрскиот клан Јовица Вукотиќ а се означени како луѓе од доверба на Радоје Звицер, водач на Кавачкиот клан.
Comments are closed for this post.