Овие хеликоптери кои ги донираме на Украина се нефункционални бидејќи немаме резервни делови за нив, кои се од руско производство. Зарем Русија ќе дозволи Македонија да набавува резервни делови? Согласно нашите планови за развој на одбраната, преминува од источната застарена платформа, на нова модерна западна платформа“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења.
Таа додаде дека старите хеликоптери кои земајва ги донира на Укрина се произведени во 1984 година, а Македонија ќе ги замени со нови.
Оние хеликоптери кои се во функција и се потребни за нашата Армија се задржини и се дел од воздухолопвството. Тие нема да ги отуѓуваме, рече Петровска.
Министерката кажа дека во завршна фаза е процесот за набавка на нови хеликоптери за Армиајта и појасни дека тој го води тим составен од претставници од Армијата и Министерството за одбрана чија експертиза е воздухопловството.
Врз основа на нашите развојни планови и програми, тие утврдуваат кои карактеристики треба да ги поседуваат новите хеликоптери и врз основа на тоа започнале постапка и се обратиле до повеќе компании за да побараат понуда. Во напредна фаза е овој процес и пристингати се 5 понуди од различни компании, од различни држави, рече министерката.
Comments are closed for this post.