Ковачевски рече-Таче одрече. До пред само некоја недела власта го посочуваше хрватскиот модел за преамбулата на Уставот како добра основа за уставните измени кои треба да се направат со цел Бугарите да влезат во Уставот.
И навистина Уставот на Хрватска е добар пример бидејќи носител на државноста е хрватскиот народ a на сите други малцинства, меѓу кои и на македонското им се гарантирани сите права. Клучен збор е „малцинства“ односно „nacionalna manjina“ како што се нарекуваат во хрватскиот Устав.
Ако се препише хрватскиот Устав, сите кои живеат во Македонија а не се Македонци, односно Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, и по ново Бугари, Хрвати и Црногорци треба да бидат во променетиот македонски Устав, односно во неговата преамбула.
Ништо спорно, и никој би не би имал против. Затоа беше за поздравување што власта во Македонија го посочуваше хрватскиот модел.
Но, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се изјасни дека за него хрватскиот Устав е прифатлив и оти би би прифатил такви промени на Прембулата, да се пробудија духовите.
Први се јавија албанските партии со изговор дека минало времето кога една нација или народ надвадувала на друг и оти промената на Уставот требало да ја изразува реалноста, односно мултиетичноста на Македонија.
А што си мислеше власта и албанските партии? Дека Уставот е излог од кој ќе си земат само она што им одговара, во случајот набројувањата на сите помали заедници како што е во хрватскиот Устав, а она што не им одговара а тоа е истакнувањето на македонскиот народ како носител на државноста ќе го оставиме во витрината? Така тоа не бидува.
Ковачевски како по обичај се прави дека не е одовде или пак е свесен дека и онака никој ништо не го прашува.
Јас не кажав што е прифатливо, што не е прифатливо, кажав дека прво работи работна група во рамки на Министерството за правда во којашто членуваат експерти и во која веќе се поканети претставници на политичките партии застапени во Парламентот и којашто ќе треба врз основа на најдобрите искуства да изработат предлог којшто треба да биде ставен на расправа. И кажав дека има политички партии кои што зборуваат за еден модел, па има политички партии кои зборуваат за друг модел на амандмани, трети зборуваат за трети. Вие кажавте за хрватски, излезе друга политичка партија кажа за швајцарски модел, трета излезе за белгиски модел да зборува и затоа треба да се седне на експертско ниво и да се изработи предлог којшто одговара на македонското општество и којшто одговара на нашите закони и на она што ние го очекуваме од нашата иднина како идна земја членка на Европската унија. Јас не кажав ниту дека сум за нешто за, ниту дали сум за нешто против-рече Ковачевски денеска.
Comments are closed for this post.