Викендов се случија три важни избори во Европа и во Соседството. Најголемо внимание предизвикаа претседателските избори во Црна Гора каде по повеќе од три децении падна Мило Ѓукановиќ.Тој беше последниот транзициски политичар осомничен за шверц на цигри и еден од најбогатите политичари.
Како таков нормално беше поддржан од премиерот на „Северна“ Димитар Ковачевски.
Премиерот дури и сними и водео порака за поддршка на Ѓукановиќ која веднаш по поразот ја избриша.
Пораз, додуша тесен дожива и Кирил Петков во Бугарија но тој има реална можност да формира коалициска влада.
Петков беше првиот државник со кој се сретна Ковачевски по доаѓањето на премиерската позиција на која го наследи Заев. Тогаш беа промовирани новите односи меѓу двете земји кои резултираа со ново бугарско вето.
И за крај загуби и досегашната финска премиерка Сана Марин. Таа беше во Скопје пред неколку месеци и Ковачевски и даде поддршка за изборите и за членство во НАТО.
Comments are closed for this post.