Медиумите во Србија со голем интерес го следат новиот сојуз меѓу Македонија,Косово, Албанија и Црна Гора кој беше промовиран во Скопје. Т.н „КВАД“ официјално има за задача да ја услогласи надворешната и безбедносна политика на четирите земји со ЕУ.
Но,во анализата на „Република.рс“ се наведува дека вистинската причина за оваа иницијатива е поткопување на „Отворениот Балкан“ и влез на мала врата на „Голема Албанија“.
Приклучувањето на Албанија, Македонија, Црна Гора и непризнаеното Косово во Западнобалканската четворка ја промовира државноста на Косово, го доведува во прашање „Отворениот Балкан“ и вклучува област во која доминира албанскиот фактор, што одговара на она што може да значи „Голема Албанија“, со исклучок на Грција-коментира „Република.рс“.
Дипломатот Зоран Миливојевиќ во сево ова гледа намера за зајакнување на албанскиот фактор во регионот.
– Во овие три земји и во Косово и Метохија е застапен албанскиот фактор. Интересно е што ова здружение е прогласено токму во Скопје, каде што албанскиот фактор има одредена тежина, дека Албанија и Косово како доминантно албанска средина, но евидентно е и дека албанскиот фактор е присутен и во Црна Гора, и тука се заокружува евидентно албанското подрачје, односно областа што одговара на она што би можело да значи „Голема Албанија.
Comments are closed for this post.