Претседателот на Алтернатива Африм Гаши со објава на фејсбук ја потврди информацијата за неговата средба со поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ Зоран Заев.
Според него, нема ништо мистериозно во средбата, и нагласува дека според него, вистинското прашање е, како што вели, „зошто го следат службите на СДСМ-ДУИ“.
-Како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ, наведува Гаши во неговиот фејсбук статус.
Независниот пратеник и поранешен член на Алтернатива Скендер Реџепи – Зејд, претходно денеска, на Фејсбук објави фотографија од средба на Заев и Гаши во Струмица.
Comments are closed for this post.