Македонските љубители на ракометот не се навикнати нашата репрезентација да губи во „Борис Трајковски”. Токму тоа се случи против Португалија која однесе рутинска победа 23-29.
На момците на Кире Лазаров ќе им треба време да го достигнат нивото на кое сме навикнати.
Гостите на овој меч речиси цело време имаа водство. Нашата репрезентација се врати накратко на средината на вториот дел благодарение на одбраните на Томовски, пеналите на Серафимов и неколкуте проектили на Кузмановски.
Единственото добро е што овој пораз не е страшен и Македонија речиси сигурно ќе биде на втората позиција што ќе значи и нов настап на ЕП.
А тоа е во моментов најважно бидејќи од играта не можеме да бидеме никако задоволни.
Comments are closed for this post.