Регулаторна донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,22% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 03.03.2023 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 78,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,722 ден/кг, и со тоа
малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,988 ден/кг.
Comments are closed for this post.