Во Собранието денеска треба да продолжи расправата за изборот на новите министри за правда, зза здравство, за информатичко општество и за животна средина и просторно планирање.
За министер за правда е предложен Кренар Лога, за министер за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Дебатата траеше до доцна синоќа, а претседателот на Собранието Талат Џафери го закажана продолжението за денеска во 12 часот.
Расправата за изборот на новите министри почна вчера, а уследи откако по речиси две недели беше завршена расправата за разрешувањето на досегашните министри од редовите на „Алтернатива“ и тоа за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи.
Comments are closed for this post.