Неправилната исхрана, брзата храна, газираните сокови и слатките, но и слабата физичка активност се главни виновници за тоа што секое петто дете во Србија има проблеми со прекумерна тежина, покажуваат истражувањата на српскиот Институт за јавно здравје.
Како што покажуваат тие истражувања, осум отсто од децата се дебели, а таа бројка од година во година се зголемува.
Податоците собрани од Институтот покажуваат дека 43 отсто од децата деца секој ден јадат слатки, при што секое четврто дете јаде слатки повеќе пати во денот.
Од друга страна, секојдневна навика да јаде јаболка, крушка или кое било друго овошје има секој петти ученик, но затоа, пак, исто толку од нив пијат газирани сокови, покажуваат податоците од извршените испитувања.
Comments are closed for this post.