Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги се ослободиле од неговото тело со фрлање во канализација откако претходно го стопиле неговото тело во киселина, објави турскиот весник Сабах.
Анализа на примероци од канализацијата во резиденцијата на Конзулатот овозможило откривање траги на киселина, објави провладиниот весник не наведувајќи извори.
Истражителите оценуваат дека телото на новинарот било растопено во киселина и потоа фрлено во канализација. Откако претходно негираа негово убиство, саудискиот власти на крајот објавија дека новинарот бил убиен во операција што Ријад „не ја одобрил“
Comments are closed for this post.