Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено.
Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.
Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.
Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.
Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.
Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of “Dvogled” is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Comments are closed for this post.