Претседателот Александар Вучиќ направи споредба помеѓу блокадите на Србите на северот на Косово и правата на Албанците во Македонија и во Црна Гора.
Кажува Еди Рама: Цинизам е тоа да се кажува дека барикадите се прогласени како легитимно средство за демократска борба. Ма немој. Тој ми е другар и да те прашам Еди: А како тоа убивање на македонски полицајци е прогласено за најлегитимен вид на политичка борба, па убаво сите влегоа во владата и добија пола македонска влада, а ги нема ни 24%. А Срби во Црна Гора според последните податоци се 32%. И немаат никакви права таму. Немаат право ни леб да се најадат, а да не зборувам за нешто друго. Ова го кажав метафорично и намерно претерав- рече Вучиќ.
Comments are closed for this post.