СДС е најбугарската партија во Македонија, тие не се оградија од ставот на Заев и коалициониот партнер Георгиевски дека Бугарите биле ослободители.
Првин Заев, сега и Георгиевски велат дека Бугарите се ослободители. Ковачевски само ги следи и спроведува нивните политики.
Ковачевски е послушник на Заев и Георгиевски, и затоа не смее да ги осуди негаторските изјави на неговите ментори.
Апелираме Ковачевски да се образува историски, да смогне сили и да се одрече од коалицијата со луѓе кои тврдат дека Скопје е ослободено заедно со Бугарите, а во крајна линија што поскоро да распише предвремени парламентарни избори, на кои конечно комунистичката партија СДС ќе замине од политичката сцена во Македонија, а на сцена ќе дојдат политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе носат иднина за Македонија.
СДС е најбугарската партија, која предводи пробугарска коалиција.
Жални и очајни се сите тезите на СДС, тие се партијата чиј претседател Заев кажа дека македонскиот јазик и бугарскиот јазик се ист јазик. Тие се партија која е во коалиција со Љубчо Георгиевски.
СДС злоупотребувајќи ја историјата им донесе болна сегашност на македонските граѓани.
Comments are closed for this post.