Афера „Паразити“: Томислав Тунтев како да е директор во Германија, зема плата од 3.300 евра месечно

15.11.2022 / 13:03


Денес продолжуваме со нови детали од аферата „Паразити“, голем број владини функционери земаат месечни плати неколкукратно поголеми од минималната, додека народот тоне во сиромаштија, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

– А на индексот на мизерија сме втори во Европа. Дел од аферата „Паразити“ е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно. Односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДС тоа се 3300 евра, рече Томовски.

Јавноста, додаде тој, ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа.

Тунтев не е директор во Германија или некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од владата во Македонија. Во Македонија во која што народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра.

Аферата „Паразити“ покажува дека низ институциите лежат скриени поголем број именувани функционери кои во услови на криза, додека најголемиот број од работниците работат за плата под просечната, земаат плати кои на годишно ниво изнесуваат неколку десетици илјади евра, вели Томовски и додава:

-Дел од аферата „Паразити“ е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра.

Никола Љушев како дел од УО на Телеком зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За една година тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра.

Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра.

Томовски посочи дека ова се само дел од функционерите од аферата „Паразити“ и најави дека утре ќе продолжат нови детали, на нова прес конференција.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

СДСМ и Левица не прифаќаат ни биометриска заштита на гласањето на дијаспората!

пред 5 часа
Македонија

Снајпери за Германците и Парагвајците (ВИДЕО)

пред 6 часа
Македонија

За власта се прифатливо во Изборниот законик освен гласањето на дијапората, за опозицијата ништо

пред 7 часа
Македонија

Mу заврши боледувањето: Сотир Лукровски се врати на работа

пред 8 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: Во Фурка Зоки нурка, а Зорка ужива во грчка журка

пред 10 часа
Македонија

Претседателот Мицкоски ги објави новите министри од ВМРО-ДПМНЕ

пред 20 часа
Македонија

СДСМ и Левица сакаат повеќе пари и да не гласа дијаспората

пред 1 ден
Македонија

Нема веќе казина до училишта: Донесен новиот Закон за игри на среќа

пред 2 дена
Македонија

Министерот за одбрана и синдикатите на разговор за новиот колективен договор

пред 2 дена
Македонија

Димитриевски: СДСМ е партија во политички стечај, ликвидатор е Венко Филипче

пред 3 дена
Jojobet Girişbetparkbetpark girişGrandpashabetgrandpashabetHoliganbetCasibomHoliganbetHoliganbetcasibomjojobetcasibomdeneme bonusu veren sitelerMadridbetMadridbetMadridbetJojobetjojobetjojobetJojobetjojobetgrandpashabetcasibomcasibomcasibomcasibomcasibom girişholiganbetBetpasjojobetjojobetcasibomjojobetbetciojojobet