Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање објави втор повик за финансиска поддршка на домаќинствата од Лисиче кои се греат на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад, со цел замена на старите грејни тела, со нови, енергетски поефикасни.
Како што информираат од УНДП, на избраните домаќинства ќе им се помогне да ги заменат и старите – дрвени прозорци и врати заради зголемување на енергетската ефикасност во објектите во кои живеат.
За овој повик може да аплицираат сите физички лица кои имаат постојано место на живеење во областа означена на мапата или во нејзина непосредна близина, оние кои за главен извор на загревање користат енергенти како огревно дрво, јаглен, нафта или отпад. Исто така, може да аплицираат лица кои прифаќаат да го исфрлат од употреба уредот и енергентот кој го користат за загревање – огревно дрво, јаглен, нафта или отпад, ги исполнуваат останатите услови од повикот и се согласуваат со истите.
Comments are closed for this post.