Мотивациониот говорник, Холанѓанинот Емил Рателбанд, изјави дека се чувствува помлад отколку што е и дека започнал судски процес своите години да ги смени од 69 на 49. Очекува судот да му ја одобри одлуката легално да се подмлади.

Кога имам 69 се осеќам ограничено. Но со 49 можам да купам нова куќа, да возам поинакви коли и можам повеќе да работам. Кога на „Тиндер“ (сервис за запознавање нови луѓе) ќе напишам дека имам 69, не добивам одговор, но кога ќе напишам 49 работите се менуваат, вели Рателбанд.

На Рателбанд лекарите му рекле дека има тело на 49 годишник, а самиот тој се опишува како „млад бог“.