Радоста на власта за потишаниот договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик траеше кратко. На прес-конференцијата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен таа неколкупати ги нарече Македонците со навредливиот термин „Северномакедонци“.
Уште пострашно е што премиерот Ковачевски на ова молчеше и не изреагира.
На ова реагираа ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
За кованицата „Северномакедонци“, жалам што упорно се греши идентитетот – македонски народ и нација. Ако тоа е ненамерно, тогаш очекував барем тие што се до нејзе да и кажат дека згрешила и дека треба да ја корегираат. Сепак, жалам што ја испуштија таа прилика, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој додава дека „ако е намерно употребено Северномакедонци, тогаш е страшно“.
Тогаш тезата за асимилација на македонскиот народ се потврдува од највисокото ниво во Европа. Очекувам Урсула фон дер Лајен да се корегира и како што напиша на македонски јазик, така и правилно да го изговори македонскиот народ, одговори Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Ковачевски молчел додека пред него македонскиот народ го нарекоа северномакедонски, а јазикот е признаен со децении и тоа не е ново постигнување.
Македонскиот јазик е кодифициран пред повеќе од половина век, Ковачевски да не измислува топла вода, лагите не поминуваат.
Поголем проблем е тоа што молчи додека пред него за македонскиот народ, се изразуваат како северномакедонски.Тоа што Македонскиот јазик и народ се загрозени е само вина на СДС и нивната антидржавна политика која почна со Заев, а продолжува со Ковачевски – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.