Бојан Јовановски-Боки 13 синоќа е донесен на преглед во Ургентниот центар со анамнестички податок за физички напад. Констатирани се видливи надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на глава, шака, рачен зглоб и надлактица. По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар.
Три лица вчера физички го нападнале Бојан Јовановски во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна.
Оттаму посочуваат дека вчера во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје.
Comments are closed for this post.