Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за политички партии.
Во период кога сме сведоци на провокации кои предизвикуваат крајно непријатни чувство во јавноста, покрај нов Закон за здруженија, потребни се измени и на Законот за политички партии.
Со измените на овој Закон предлагаме политичките партии во своите програми, имиња, статути и обележја, да не можат да бидат насочени кон разгорување на национална расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, ширење или поддршка и промоција на фашизам, нацизам, национал – социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам нацизам, национал -социјализам или Третиот рајх.
Како народни избраници, го поддржуваме правото на здружување и политичко дејствување, но мора да застанеме во одбрана на вредностите на коишто се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности.
Овие предлог измени на Законот се токму тоа.
Овој Закон како и Законот за здруженија и фондации еднаш засекогаш ќе стават крај на намерните и опасни провокации од лица или групи кои имаат за цел да предизвикаат тензии и поделби во нашето општество.
Затоа ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи да дадат поддршка на измените Законот за политички парти.
Бидејќи и политичките партии се здруженија, кои по својата цел се на едно повиско ниво бидејќи ја бараат довербата од граѓаните, еве шанса секоја партија да покаже дека стои на зборот и да го поддржи овој закон.
Заедно, преку системски решение, да се спротивставиме на појавите кои промовираат и величаат фашизам и наципнал – социјализам.
Comments are closed for this post.