Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вчера во Само вистина му одговори на премиерот Димитар Ковачевски за провокацијата дека не ја градел кариерата во кабинети.
Дваесет и пет години сум работел на изградба на државата. Еден сум од носителите на формирањето на македонската држава затоа што раководев со вооружена формација од 1991 година, па наваму. Да имаме свои чувари на границата – тоа го правеше полицијата. Околу одземање на воената евиденција, со што спречив илјадници млади македонски регрути да заминат на фронтовите во Хрватска, вели пратеникот и лидер на Демократски сојуз (ДС), Павле Трајанов во емисијата „Само вистина“.
Тој додава дека „не било неговото дејствување само по кабинети“.
Сите што беа против референдумот во 1991 година, истрчаа да се сликаат на плоштадот, а ние што најтешките задачи ги завршивме, бевме во позадина. Сум извршувал исклучително сложени функции. Вие да се спротивставите во тоа време на ЈНА, треба сепак да поседувате голема храброст, кажа Трајанов.
Премиерот Димитар Ковачевски во петокот во дебатна емисија кажа дека за разлика од Павле Трајанов, неговата кариера не ја градел по кабинети, и не доаѓа од таква средина.
Јас својата професионална кариера 22 години сум ја градел во приватниот сектор. Во текот на својата кариера сум работел во мултинационални компании каде во тим сме работеле луѓе од Германија, Австрија, Чешка и Аргентина сум имал колеги, рече Ковачевски.
Comments are closed for this post.