Пешачкиот мост кај Овчар Бања, кај манастирот Јоване утрово околу 10 часот се урна, а во оваа несреќа загинаа две жени.

Камерите го снимиле моментот на трагедијата кога околу 20 туристи од Босна и Херцеговина, кои дошле да ги посетат манастирите во Србија, во исто време почнале да го минуваат мостот.

Во тој момент се скршил кабелот на мостот и луѓето буквално во секунда се нашле во заледената река.

Иако сите знаат дека мостот е вон употреба, мештаните и туристите го користеа без преоптоварување, односно на него никогаш да не има повеќе од две-три лица кои држат дистанца.

Две жени загинаа, додека спасувачите, свештениците, возачите и случајните минувачи успеаја да ги извлечат останатите на брегот. Од 10 хоспитализирани, три лица се пренесени во Спиналниот центар при Институтот Бањица во Белград. Две лица се во шок-соба и нивните животи не се загрозени.

 

Trenutak rušenja mosta kod Ovčar Banje