Изминатиов период многу се говореше за забраната на Хрватска преку својот нафтовод Србија да носи руска нафта.Но, малкумина знаат за каков нафтовод станува збор. Нафтоводот се вика ЈАНАФ и е граден од 1975 до 1979 година. Го граделе со заеднички средства Хрватска и Србија во времето на поранешна Југославија.

Но, сега Хрватска од позиција на членка на ЕУ не дозволува проток на руска нафта иако самата се изеде од таквата забрана.

Нафтата од пристаништето Омишаљ и Риека преку Сисак и Славонски брод треба да дојде до рафинеријата Панчево во Србија.

 

Сега ЈАНАФ е хрватска компанија со седиште во Загреб, која управува со истоимениот систем за транспорт на сурова нафта. Системот за транспорт на нафта JANAF се состои од пристаништето Омишаљ и 759 километри копнен цевковод. Дејноста на компанијата опфаќа и складирање нафта и нафтени деривати, како и претовар на нафта. Во Хрватска има 610 километри цевки.