Со натпреварот меѓу финскиот шампион Кокс и шпанскиот тим Адемар Леон, стартува новата сезона во Лигата на шампионите на ЕХФ.

На првиот ден од натреварувањето ќе настапат и двајца македонски интернационалци. Жарко Пешевски, со украинскиот Мотор Запорожје ќе го пречека француски ПСЖ, додека Филип Талески со Рајн Некар Левен ќе игра против Барселона. На оваа средба правдата ќе ја дели македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Последниот дуел закажан за првиот ден од новата сезона во Лигата на шампиони е меѓу шампионите на Романија и на Норвешка, Динамо Букурешт и Елверум. Останатите дуели од првото коло ќе се играат во текот на викендот.