На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, соопшти АД Електрани на С. Македонија.
– Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен – додаваат оттаму.
Comments are closed for this post.