Унгарија денеска ги продолжи ограничувањата на цените на горивата и основните прехранбени производи за три месеци, односно до крајот на годината, во обид да ги заштити домаќинствата од зголемените трошоци, јавува Ројтерс.
Будимпешта остро ја критикуваше Европската унија за воведувањето санкции кон Русија, велејќи дека тие не успеале да ја ослабат Москва на смислен начин, а истовремено да предизвикаат пораст на цените на храната и енергијата.
Во комбинација со падот на форинтата на рекордно ниско ниво, зголемените цени ја турнаа инфлацијата во Унгарија на највисоко ниво во последните две децении, принудувајќи ја Националната банка на Унгарија нагло да ја зголеми основната стапка на 11,75 отсто.
Шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Ѓерѓели Гуљаш, рече дека владата, исто така, ќе го продолжи ограничувањето на хипотекарните стапки за најмалку уште шест месеци.
Унгарија ги продолжува ограничувањата на цената на горивото и основната храна до крајот на годината
„Се додека санкциите на ЕУ се во сила, нема реални шанси за подобрување“, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Comments are closed for this post.