Секое одложување или блокирање на носењето на одлуките во Собранието кои се однесуваат на евроинтеграцијата значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ. Сега од нас зависи, од сите политички партии од сите пратеници во Собранието и од сите ангажирнаи во процесот на преговори колку брзо ке го завршиме процесот на преговори и пристапување кон ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски на средбата со новинарите во Софија.

Основата на нашето членство во НАТО, на нашето отпочнување на прговори со ЕУ се Преспанскиот договор со кој постигнавме согласност со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија врз основа на кој се постигна согласнот за кревање на ветото на Бугарија и отпочнивање на преговорите со ЕУ. На тој пат на членството на ЕУ имаме активности кои треба да ги преземаме и за дел од нив се задолжени пратениците во Собранието. Секое блокирање на носењето на овие одлуки, секое одложување или блокирање значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ. Сега од нас зависи, од сите политички партии од сите пратеници во Собранието и од сите ангажирнаи во процесот на преговори колку брзо ке го завриме процесот на преговори и пристапување кон ЕУ, порача Ковачевски на новинарско прашање за време на брифингот во КИЦ на Македонија во бугарската престолнина а по средбите со бугарската Влада и со претседателот Румен Радев.

Тој потсети дека Македонија ги почна преговори со ЕУ и дека Владата донесе одлука за формирање на пргеоварачката структура.

Ние веќе имаме главен преговарач, имаме комплетна структура и до 15 септември имаме отпочнување на скрининг процесот кој што е исклучитлено значаен дел од пргеоворите, бидјеќи преку скринингот се дефинираат обврските кои една држава ги има во делот на преговорите со Унијата, рече Ковачевски, нагласувајќи дека очекувањата се земјата овој процес да го заврши до 2030 година како и дека ние го имаме тој капацитет.

Тој нагласи дека денешниот состанок што го одржаа со бугарската техничка Влада, а подоцна и со претседателот на Република Бугарија, Радев, е дел од состаноците коишто ги прават со цел да се обезбеди се што е потребно за непречено снабдување со електрична енергија на државата во текот на четвртиот квартал од оваа и првиот квартал од идната година, коишто се, вели, секогаш најкритични за снабдување со електрична енергија со оглед на зголемените потреби како за затоплување, така и за индустријата.

Она што како држава веќе го имаме направено е зголемување на производството на електрична енергија во домашните капацитети, за што ЕСМ има веќе добиено задача за зголемување на производството за 25 проценти и со тоа ги покриваме потребите на граѓаните на регулираниот пазар, знаќи на домаќинствата и на малите потрошувачи. Тоа се 72.000 компании кои добиваат електрична енергија по субвенционирана цена од страна на државата, потсети премиерот Ковачевски.

Останува, вели, слободниот пазар. Во овој контекст, рече дека се одржани состаноци со претставниците на сите стопански комори и во тој дел, со големо внимание се посветиле на нивните барањата и за коишто секојдневно дискутираат- ставање во функција на сите капацитети коишто не се во сопственост на државата, а тоа се, вели, ТЕТО и обновливите извори на енергија коишто се во приватна сопственост.

Веќе ЕСМ е во разговори со сопствениците на ТЕТО за неговото ставање во функција 24 часа на ден од 1 октомври до 30 април кое покрај топлинска енергија за 55.000 граѓани односно домаќинства на градот Скопје треба да обезбеди и електрична енергија која што ќе биде понудена доминантно на стопанството на либерализираниот пазар. Исто така, како што беше и минатата година направено, обновливите извори на енергија коишто имаат договори со државата треба да бидат наменети за стопанството.

Дополнително на тоа, вели премиерот Ковачевски, се денешните состаноци во Бугарија како извозник на електрична енергија се во насока на покривање на потребите за струја коишто се набавуваат на слободниот пазар и коишто се доминантно од увоз.

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево во Софија на средбата со претседателот на привремената бугарска Влада Галаб Донев на која клучна тема беше справувањето со последиците од енергетската криза, договориле формирање работна група која за две недели треба да ги утврди техничките аспекти во врска со склучувањето на договор за снабдување со 200 мегават-часа струја за потребите на Македонија за периодот до 31 март, следната година.

Ковачевски придружуван од владината делегација, попладнето во Софија имаше работен состанок и со претседателот на Република Бугарија Румен Радев, на тема справување со енергетската криза и унапредување на билатералните односи. При тоа Радев посочил дека Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија“.