Денес е повеќе од јасно дека Република Северна Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент. Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конркетни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит Отворен Балкан во Белград.
Тој во своето обраќање нагласи дека оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата.
– Со договорите кои ќе ги потпишеме денеска, ќе се обврземе за достапност на храна до нашите граѓани, прво меѓусебе да си помогнеме секаде каде е потребно. Добро е што на овој Самит одоговараме за можностите за соработка и во областа на енергетиката. Постојат потенцијали за развој во рехабилитирање на интерконекциските врски за зголемување на можностите за електроенергетска размена и за соработка во делот на изградба на фотонапонски централи, рече Ковачевски додавајќи дека во наредниот период треба да се интензивираат активностите за реализација на гасната интерконекција со Република Србија.
На овој Самит, како што информира премиерот, ќе се потпише договор за оперативен план за справување со катастрофи со кој ќе се овозможи олеснување на процедурите и скратување на времето потребно за помош таму каде што е најпотребно. Со потпишување на меморандумот за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности меѓу трите држави, според Ковачевски ќе се поттикнат инвцестиции во кинематографскиот и аудиовизуелниот сектор.
– Отворен Балкан се покажа како неопходен. Сме и ќе бидеме во итнензивна регионална соработка, рече Ковачевски.
Во своето обраќање тој го покрена прашањето околу границите меѓу овие три земји.
– Ние сме веројатно сме единствениот регион во светот кој има граници меѓу себе. Сметам дека наша цел треба да биде комплетно укинување не само на административните бариери на границите меѓу Србија, С.Македонија и Албанија, туку и комплетно кревање на рампите и правење регион кој стопроцентно комуницира помеѓу себе по сите основи, подвлече Ковачевски.
MИА
Comments are closed for this post.