Денеска продолжува дебата во Комисијата за уставни измени за предложените нацрт-амадмани. Оваа расправа може да трае најмногу 12 денови, а пак собраниската седница веќе е закажана за 1 декември.
Вчера имаше бурна расправа помеѓу поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски и премиерот Заев за штетноста од Договорот од Преспа и за тоа дали е зачуван македонскиот идентитет.
Името го променивте и после сакавте да се затскриете зад македонскиот граѓанин. Но, и покрај тоа, вие не го слушате гласот на македонскиот граѓанин. Ние како пратеници имаме предлози и мислења. Во Уставот, Република Македонија ќе се менува со Северна Македонија. Во повеќе веќе од 50 члена го има тоа, а во некој член со 3-4 пати. Кога ќе дојде Преамбулата, шест пати се додава Северна Македонија. Не може со еден збор Уставот да се смени. Не се плашете дека би го закочиле. Ве замолува, укажете им на службите во Владата како се пишуваат уставни амандмани. Се плашам дека ќе биде полошо од ова. Вие викате дека ќе имаме заштитен идентитет. Ќе се викаме Северномакедонци, истакна Вељаноски.
Премиерот Зоран Заев образложувајќи ги уставните измени пред членовите на собраниската комисија за уставни прашања рече дека во нив нема ништо спорно и дека заслужуваат поддршка од сите пратеници и оти со тоа ќе покажат дека ја поддржуваат иднината на земјата.
Новото име Република Северна Македонија ќе биде географско прецизно име, истакна премиерот.
Заев уверува дека АСНОМ нема да се менува туку ќе се споменува два пати и дека во Преамбулата ќе бидат истакнати одлуките од АСНОМ.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека Владата требало да се бори барем новото име што го предлага да не е за внатрешна употреба. Тоа според него би било некој оптимален компромис со Грција и дека новото име требало барем да се користи за мултилатерална комуникација и билатерална со Грција, но дека Владата не дала одговор зошто е ова вака направено.
Ако се чита целата филозофија на договорот од Преспа тој не вели дека постои македонски народ и македонска нација. Тој вели дека вие имате право да се нарекувате како сакате. Грција се уште нас не ни признава постоење на македонски народ и македонски народ онаков каков што ние сакаме. Да точно дека нема право да ни забрани да се произнесуваме како такви но и досега немало право да ни забрани. Ова е некој одложен спор, но не конечен спор и конечно разрешување на македонското прашање, рече Димовски.
Comments are closed for this post.