Тој рече дека светската безбедносна архитектура е целосно неадекватна, велејќи дека тоа го посочиле не само војната во неговата татковина, туку и оние на Балканот, Тајван и Кавказ.
Во своето обраќање Зеленски уште еднаш ја обвини Русија за кршење на меѓународното право со напад на неговата земја. Тој ја гледа 2014 година како пресвртница на сè, кога меѓународната заедница ја пушти Русија да остане неказнета по анексијата на Крим или соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ над Донбас.
– Војната во Украина покажа колку е кревка слободата. Потребна е солидна глобална безбедносна архитектура за да се осигура дека ниту една земја никогаш повеќе нема да може да врши терор врз друга земја – рече Зеленски.
Comments are closed for this post.