Нелегалниот премиер Ковачевски со бегањето од референдум бега од народот. Вака ВМРО-ДПМНЕ го нарекува претседателот на Владата откако тој се изјасни против референдумот за условите под кои треба да почнеме преговори.
Референдумот е најголемото достигнување на демократијата, со него се дава право и можност народот да одлучи по секое едно прашање кое е надвор од редовната работа на една власт. Такво прашање е асимилацијата која Ковачевски сака по секоја цена да ја протурка. Народот мора да биде прашан, дали тоа што го турка Ковачевски е во негов интерес или не.
Оттаму додаваат дека Ковачевски верува во себе и дека тоа што го прави е исправно, тој ќе излезеше на референдум. Но Ковачевски знае дека прави предавство и врши бугаризација и асимилација на народот и затоа бега од референдум.
Сакајќи да го стави прашањето со референдумот зад себе, мислејќи дека ќе помине брзо, тој дава изјави со кои го омаловажува народот и го покажува своето вистинско лице.Ковачевски работи единствено во интерес за ден повеќе да остане на власт. Сето негово делување од сега па до денот кога ќе падне од власт ќе бидат единствено за гол опстанок на власт.
Comments are closed for this post.