Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика Зоран Заев на нов тв-дуел. На прес-конференцијата што траеше дваесетина минути, тој ја соопшти одлуката на партијата околу престојниот референдум: секој нека одлучи како што му кажува срцето, а политичките елити се должни да ја почитуваат волјата на мнозинството.
Претходно, тој ги критикуваше сите точки од договорот со Грција, потенцирајќи оти не само името, туку се губи и идентитетот и историјата. Рече дека и после референдумот, владата на Заев ќе продолжи со криминали и лошо водење на државата, поради што мора да си заминат. Обвини дека непотребно се трошат милионски суми за кампања.
Мицкоски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ, со Договорот за името Македонија е на крстопат и дека тој не е исчекор, туку бездна, а со негово прифаќање се губат досега стекнатите позиции во преговорите – Резолуцијата на ОН, Времената спогодба и Хашката пресуда
Comments are closed for this post.