Македонија денеска ќе биде блокирана еден час во знак на протест поради францускиот предлог. На синоќешниот протест пред Собранието беше најавено дека денеска ќе има промена во начинот на протестирање.
Во периодот од 13 до 14 часот ќе бидат поставени повеќе блокади на 4 места низ земјата.
Продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред Владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип-Велес, Струмица-Радовиш и Плетвар- Прилеп.
Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести.
Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада, порача организаторот „Ултиматум, не, благодарам!“.
Comments are closed for this post.