Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на неговиот фејсбук профил пишува дека во периодот јануари – 20 јуни 2022 година на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 10.834 кривични дела.
Во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31%, кое се должи на промените кои се евидентирани во областа на економскиот криминалитет, каде значително е намален бројот на кривичните дела кои се поврзани со непочитување на здравствените прописи во врска со епидемијата. Предизвикана е вкупна материјална штета од 122.8 милиони денари – напиша Спасовски на фејсбук.
Comments are closed for this post.