Ковачевски го гледа Собранието како политички супермаркет од каде што вади споредни настани за дневен дефокус од неуспесите во кои е заглавена владата и државата, смета Милошоски.
Ковачевски е дволичен по однос на третманот на Собранието. Кога се случи на официјалниот собраниски канал да ги слушнеме пцовките на Талат Џафери кон службеници, тогаш тој кажал дека слушнал, но не видел и не се мешал во работата на Собранието. Сега кога му треба спин за очигледните неуспеси на економски, енергетски, европски план, и со Бугарија, тогаш тој како премиер излегува и зборува за односи во Собранието за кој чие деколте снимал. Очигледно дека советниците за пиар му дале таков совет да даде ваква изјава и тоа да биде вест на денот, да не се разговара за поскапите цени на струја, производи, полош животен стандард и неуспехот, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, за „Заспиј ако можеш“ на Алфа.
Милошоски истакна дека ваквото однесување на Ковачевски навистина заслужува осуда бидејќи од друга страна молчи за настан кој сите го видовме, како претседател на комисија во собранието се однесува на вулгарен и насилен начин со фрлање на предмети и разни девијации во однесување.
Затоа Ковачевски Собранието го смета како политички супермаркет од каде што си вади некакви споредни настани кои му се допаѓаат за дневен дефокус од неуспесите во кои е заглавена владата, а за жал и државата и граѓаните, рече Милошоски.
Во врска со однесувањето на Арбр Адеми на комисијата за европски прашања, Милошоски посочи дека тој во брзање да се помогне на десетина судии, на штета на другите судии, или веројатно му била дадена насока до кога мора да се изгласа по секоја цена тој дневен ред, ја ускрати можноста која е должен да ја даде пред усвојување да може да се дополни дневниот ред.
– Имавме подготвен материјал доставен до него и комисијата за расправа по заклучоците од ЕУ за Македонија кои треба да бидат приоритетно прашање. Адеми дојде после пауза и одма рече дека нема некој за дополна намерно во три секунди за да не фати со исклучени микрофони и за да не можеме да се јавиме за дополна на дневен ред. Нервозата му беше голема и тоа ексалираше со вербални и физички напади, но проблем е што се крши деловникот и угледот на Собранието, рече Милошоски.
Comments are closed for this post.