Се зголемува бројот на политичари, новинари, експерти кои сметаат дека предлогот на Франција за решавање на бугарско-македонскиот спор е лош и треба да се отфрли.
Но, така не мисли власта која иако официјално не се изјаснува по се изгледа дека го има прифатено и оти е само прашање на време кога ќе објават дека во целост го прифаќаат.
Дека работата е веќе завршена се гледа и информациите кои доаѓаат од Брисел дека доколку Бугарија го прифати францускиот предлог ЕУ веќе утре ќе ја подготви преговарачката рамка. Македонија не се ни споменува.
„Чист македонски јазик“ е мантрата која владините мегафони ја повторуваат во обид да го одбранат неодбранивото. Нивниот аргумент е дека во еден од документите на францускиот предлог се споменува зборот „македонски“. Дури и зборот „јазик“ не се споменува. За владините поддржувачи тоа е доволно дека е заштитен македонскиот јазик. За тоа што со прифаќањето на францускиот предлог спорот со Бугарија станува од билатерален во европски ни збор.
Нема реакција и за тоа што прашањта поврзани со образование и историја се изедначуваат со прашањата што се од фундаментално значење за ЕУ , а тоа се поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на човековите права и владеењето на правото.
Тоа значи дека во поглавјата кои први се отвораат во преговорите ќе може во секој момент да стави вето доколку образовните прашања и содржината на учебниците не биде по нивен тек.Истото важи и за историските теми.
Преведено со обични зборови нема ЕУ додека македонската историја и учебници не бидат по бугарски терк.
Нека ни е со среќа.
Comments are closed for this post.