Нема да го коментираме францускиот предлог и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.
Тој истакна дека МНР има увид во предлогот и најискусните дипломати и експерти во Министерството прават анализа на предложените документи.
Го следиме развојот на настаните во бугарскиот парламент и ако таму биде усвоен и кога ќе биде усвоен и доставен официјално со Република Македонија тогаш нормално дека тој ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата, рече Ковачевски.
Прашан дали е прифатливо јазикот во преговарачката рамка да се декларира по пат на еднострани декларации од Македонија и Бугарија, премиерот одговори дека македонскиот јазик мора да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка.
Ковачевски и коалициските партнери на денешниот состанок потпишаа Декларација за обезбедување стабилност за граѓаните, домашната економија и бизнис секторот во услови на глобална криза.
За нашиот евроинтеграциски процес, по средбата со коалицијата, Ковачевски рече дека заедно ги реафирмирале позициите дефинирани во резолуцијата усвоена во македонскиот парламент и посветеноста во почитувањето и реализирањето на одредбите од Охридскиот Рамковен Договор, Преспанскиот Договор, Договорот за добрососедство со Република Бугарија како и државниот стратегиски концепт за еднакво општество за сите.
Коалицијата повтори дека следните избори ќе бидат редовни и ќе се одржат за две години.
Comments are closed for this post.